Премиум Клуб за Лојалност

Премиум Клубот за Лојалност на Олимпиа Моторс е клуб кој ги обединува:

  • Користење на премиум бенифицирани услуги во сервисниот центар на Олимпиа Моторс
  • Клуб на наши партнери
  • Лојалност на повисоко ниво

Секој клиент на Олимпиа Моторс има право да стане член како корисник преку пополнување на апликацијата. За сите наши соработници кои посакуваат да станат дел од клубот на нашите партнери, може да пратат информација на marketing@olympiamotors.com.mk.

Премиум Бенефицирани Услови

Олимпиа Моторс на своите потрошувачи им овозможува членување во Премиум Клубот за Лојалност со што истите се стекнуваат со следните бенефиции:

Услови во центарот на Olympia Motors:

  • Бесплатна есенска и пролетна контрола на возило
  • Бесплатно влечење на територијата на град Скопје до сервисниот центар на Olympia Motors кое е на располагање 24ч (еднаш во годината)
  • Бесплатен утрински Shuttle превоз до работа
  • Користење на заменско возило за време на сервис за 30 ден/км со вклучено гориво
  • 100% увид во сервисната историја на возилото во секое време
  • Попуст од 10% на сите сервисни услуги и оригинални резервни делови
  • Попуст од 10% на оригинална дополнителна опрема
  • За достигнат промет од 60.000ден годишно по возило следува избор подарок:
  • пакет за релаксација – спа во Хотел TCC Plaza
  • хемиско чистење на седишта на возило

*Доколку центарот има веќе организирано промотивни пакети и активни кампањи, корисникот на клуб картичката има право има право да го користи повисокиот попуст, но не и да ги кумулира истите.

Додадена вредност

Нашата компанија, што подразбира и нашиот клуб, е создаден со цел да овозможи градење на позитивни релации со нашите партнери, соработници и корисници. Согласно истото во текот на годината овозможуваме:

  • Учество во организирани спортски настани
  • Организирани бесплатни работилници за доедукација на актуелни теми
  • Рекреативно дружење, планинарење, пешачење и слично

Клуб на Наши Партнери

Олимпиа Моторс е семејство на преку 15.000 корисници на услуги кои се дел правни и дел физички лица. Преку програмата за лојалност овозможуваме нашите партнери во рамки на својата дејност да понудат одреден бенефит/попуст за своите производи и-или услуги, а сите клиенти на Олимпиа Моторс ја добиваат можноста сето тоа да го искористат.

Како партнер на клубот имате бенефит да сте вклучени во планирате маркетинг активности на Олимпиа Моторс, промоција и информација до сите наши клиенти, промоција на програмата и вас на сите наши настани кои ќе се организираат, поставување на ваше лого и линк до вашата web страна.

Дополнилтелен бенефит е можноста која ја овозможуваме за ваше вмрежување со нашите деловни соработници и овозможување B2B контакти и остварување на понатамошна соработка.

Лојалност

Покрај заедничката лојалност која ја градиме со нашите клиенти и партнери, за нашите клиенти овозможуваме да ги користат и бенефициите преку станување на член на Lyoness клубот и користење на cahsback картичката во повеќе од 70.000 трговски партнери. Со тоа и вие станувате дел од глобалната куповна заедница и користите заштеда во секое ваше пазарување од трговсите партнери.

Cashback картичката овозможува дополнителен попуст од 2% во Олимпиа Моторс