Premium club for loyalty

Премиум клуб за лојалност

Loyalty програмата опфаќа бенифицирани услови за сите лојални партнери и клиенти

Opel Shop

Opel Shop

Продажба на брендирани accessories со Opel лого

Opel Service

OPEL сервис

Продажба на половни возила, проверени и сервисирани од нашиот стручен тим.

Current offers

Актуелни понуди

Следете ги нашите актуелни понуди и заштедете дополнително

Olympia motors Outlet

OMO

Olympia Motors Outlet - првиот Outlet во Македонија за продажба на половни возила.

Рекоа за нас...

Avon

Александар Слабев Transportation & Car Fleet Coordinator во AVON

АВОН

“Десетгодишната соработка помеѓу АВОН и Olympia Motors значи: Стабилност, Доверба и Сигурност”

Sarantis

Горан Трајчевски

Горан Трајчевски

“Километрите од ден на ден се се пократки.” Оlympia Motors ми овозможи вистинско задоволство и уживање со секој мој поминат километар. Искрено ви благодарам и ви посакувам уште поуспешен и попрофесионален развој.”

Milorad Milovanovik

Милорад Милановиќ Сопственик на АКВА БАР

АКВА БАР

“Како дистрибутери и снабдувачи на вода во секоја канцеларија, дом, исклучително ни е важна сигурноста на патиштата. Редовното сервисирање и експлицитното експрес сервисирање со унифицирани цени и професионален пристап на Olympia Motors ја дефинира меѓусебната долгогодишна соработка!”

Dejan Spasovski

Дејан Спасовски Претставник на TETRAPACK

Дејан Спасовски

“Тимот на Olympia Motors e составен од високообразовани и квалификувани кадри, кој со својата стручност се грижат за автомобилите кои ги возиме со колегите. Сервисирањетп е на одредени интервали, предвидени специјално за нашите возила, согласно километражата која ја поминуваме. Како редовни клиенти, имаме големи бенефиции, коректен однос и одлична услуга.”

Tanja Stojanovska

Татјана Стојановска

Татјана Стојановска

“Веќе трета година уживам во возењето на мојата Опел Корса. Тоа беше љубов на прв поглед. А за таа љубов „виновен“ е тимот на Olympia Motors. Без нивната помош во изборот на возилото и грижа за одржувањето на мојата Kорса ништо немаше да изгледа вака. Olympia Motors е синоним за професионалност, стручност и компанија која се грижи за нејзините клиенти да возат совршено возило.”

Mihail Kitanovski

Михаил Китановски Управител на KITANOVSKI & D2M

Китановски и Д2М

“Olympia Motors можам да кажам дека е мое второ семејство што постојано се грижи и овозможува се  поквалитетни производи и конфорност на секој нивен корисник. Тоа е најважно за еден бренд и за воспоставување на успешна професионална кариера на еден пазар. Затоа, со огромно задоволство можам да ја искажам досегашната соработка со тимот на Olympia Motors како доста успешна и воедно со цврсто поставени корени на доверба и лојалност. Искрена благодарност за Вашата грижа, одговорност и професионалност!”

Dj Tose Zafirov

DJ Тоше Зарлинов

DJ Тоше Зарлинов

“Грижата за мојот автомобил е препуштена во рацете на тимот на Olympia Motors, тие ми се драги пријатели и знаат колку ми значи возилото. Достапноста на тимот спрема клиентите е една од ретките грижа за клиенти на која може да наиде човек на овие простори. Тие се секогаш  тука да го ислушаат клиентот, и да превземат чекори за решавање на дефектот.

Ви благодарам ОМ за односот со вашите клиенти!”

Metodi Popovski

Методи Поповски

Методи Поповски

“Успехот не се мери според поминатите километри, туку според нивото на задоволство и сатисфакција од самите корисници. Olympia Motors секојдневно ги остварува овие мерки на успех благодарение на нивниот професионален и одговорен тим. Моето искуство со Olympia Motors може едноставно да има позитивна поврзанос и веќе има цврсто поставени корени во однос на успешната соработка и доверба. Сакам искрено да се заблагодарам на одговорноста и сериозноста на тимот што со секој професионален чекор овозможуваат дополнителна усовршеност и квалитет на возилата.”

Marijana Sekulovska

Маријана Секуловска

Маријана Секуловска

“Птицата сигурно стои на гранката, не затоа што и верува на гранката, туку затоа што им верува на сопствените крилја.” Така и јас… Со поддршка од професионалниот тим на Оlympia Motors и нивната максимална посветеност на извонредност во работењето и грижата за корисници уживам во секој километар поминат со мојата “Корса”   веќе 10 години … затоа што знам дека OM – ЕДЕН ПЛУС ЕДЕН Е СЕКОГАШ ПОГОЛЕМО ОД ДВА!

Olympia Motors, моето ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ за годините поминати со ВАС и за ОНИЕ КОИ ДОПРВА ЌЕ СЛЕДАТ…”

Lidija Markovska

Лидија Марковска Марковски ДООЕЛ

Лидија

“Долгогодинешното искуство исполнето со значаен квалитет, професионалност, доверба и лојалност го засноваат мојот однос со моделот Meriva. Овој модел е пред се дел од мене што ме изразува мене како личност и единка во овој динамичен живот. Olympia Motors успеа да придонесе за подинамичен и стабилен тек на мојот живот со искуствата на моделот Meriva. За таа цел, мојата благодарност до Оlympia Motors  не може да се опише и сигурна сум дека секој корисник ги дели истите чувства и воодушевување како мене.

Уште еднаш ГОЛЕМО благодарам до целиот тим на Olympia Motors!”

Darko Blazevski

Дарко Блажески

Дарко Блажески

“Olympia Motors успешно го гради својот професионален развој како една од најуспешните компании во Македонија, којашто максимално се поставува кон своите корисници, кон задоволување на нивните потреби и желби со нудење на квалитетни и комфорни возила. Мора да изразам вистинско задоволство од досегашното искуство и поврзаност со Olympia Mоtors и воедно да им посакам уште многу успеси во иднина.

Голема благагодарност до тимот на Olympia Motors за нивната посветеност и професионалност!”

Vlatko Ognenovski

Влатко Огненовски

Влатко Огненовски

“Мојата работа е поврзана со многу патувања, и за таа цел ми беше потребен стабилен автомоби, сервисиран во центар кој ќе ја превземе комплетно грижата за истиот. Безгрижното патување ми е главен фактор, затоа моето прво, па сега и второ возило, се купени и комплетно сервисирани во Olympia Motors. Нивната консултација при набавка на моето второ половно возило одигра голема улога, одбирајќи супер зачувана Opel Insignia, која е најсоодветен модел за моите потреби во секојдневното функционирање. Ми се допаѓа што тие се насочени кон транспарентно работење , навремено го сервисираат возилото, го почитуваат рокот, што мене лично ми значи согласно мојата работа. Тимот на Olympia Motors e максимално поставен, љубезен и навремен во извршување на сервисните услуги, финансиски со достапни цени. Моето долгогодишно искуство би го оценил со апсолутна 10-ка.”

Igor Dimzov

Игор Димзов Ентер ДОО

Игор Димзов

“Нашата взаемна соработка со Olympia Motors датира од самите почетоци. Возилата кои ние ги поседуваме поминваат доста километри во текот на годината, и сервисирањето на истите е неопходно. Секако овој дел е комплетно препуштен на Olympia Motors, кои од наши соработници станаа наши пријатели.

Ние ги користиме сите услуги и од двата сектора, електро – механичарскиот и лимаро – фарбарски оддел. Нивното транспарентно работење и оректна услуга се само дел од причините зошто ние сме нивни клиенти. Делот со заменски возила е исто така една од клучните услуги која тие ја нудат, а за нас особено важна, кога возилото е на вонреден сервис и е потребно да се поправа во малку подолг временски интервал, заменското возило е секогаш добредојдено се со цел за непречено продолжување на нашите тековни работни обврски.

Отворени за разговор за секој нив предизвик и спремни за корекција, тие стојат на располагање секогаш за нас.”

Mira Maneva

Мира Манева

Мира Манева

“Ние како рент а кар компанија, со голем возен парк, имаме за цел да им понудиме на клиентите безбедни и стабилни возила, за тие да имаат безгрижни патувања. За оваа цел, од клучна важност ни беше да ги сервисираме возилата во професионален и стручен сервис, со кој ќе имаме добра соработка и разбирање. Нашите возила вообичаено се на пат, и поминуваат голем број на километри, сервисите кои ги правиме се и редовни и вонредни, и истите се водени од тимот на Olympia Motors.” Соработката која ја имаме, не е само во електро – механичкиот туку и во лимаро фарбарскиот сервис. Тоа за нас е поволност, затоа што возниот парк што го поседуваме е од различни брендови, а нивниот сервис е мулти бренд и не не ограничува. Секако тука е и можноста што тие соработуваат со сите осигурителни компании, па ни е олеснителна комуникација на сите 3 страни, а особено нам како клиент. Транспарентното работење го сметаме за уште еден плус, секогаш се отворени за комуникација, како и нивната индивидуалност и грижа за оптимизација на трошоците за сервисирање на нашиот возен парк. Одличната соработка трае со години и се надеваме дека така и ќе продолжи.”

olympia motors